Првата и втората кула на „Џевахир“ од 15:00 часот останаа без напојување на заедничката електрична енергија која се користи за светло во влезовите, лифтови, топла вода, базен, теретана, но и без вода, објавија повеќе медиуми.
За што всушност се работи:
Според информациите кои се потврдени и од фирмата која што управува со зградите, Поради вкупен долг од 6 милиони денари, четири мерни места за заедничка потрошувачка во кулите на Џевахир се исклучени…

Според порталот ова е вторпат кулите да останат без колективната електрична енергија. Пред околу еден месец струјата била исклучена како предупредување поради неплатени сметки.
Освен струја, станарите немаат ниту вода бидејќи вентилите биле затворени.
Пронајдете не на следниве мрежи:


