Скопјанец доби кривична пријава з фалсификувана банкнота од 500 евра

Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Д.Л.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари” по член 268 Кривичниот законик.

Скопјанец доби кривична пријава за фалсификувана банкнота од 500 евра

Пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 500 евра и на 26.11.2021 ја употребил при купување на продукти во продажен објект во Скопје. По преземени мерки и извршено вештачење било утврдено дека банкнотата е фалсификувана, соопштија од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: