Прва средба на Црвена звезда и Партизан оваа сезона и веднаш прекин! (ВИДЕО)


Ништо ново во Белград кога е во прашање вечното дерби меѓу Црвена звезда и Партизан, двете екипи се сретнаа во меч од АБА лигата и пред крајот на првата четвртина се случија нереди на трибините поради кои се прекина натпреварот.

Прекинот се случи во десетата минута од натпреварот при водство на Партизан од 18:17

 

По погрдните скандирања кон судиите, дојде до масовно фрлање на предмети на паркетот по една одлука на арбитрите која не им се допадна на навивачите на Црвена звезда.

 

Судиите прво го напуштија паркетот, па набрзо беше донесена одлука да се испразни дел од трибината на која се наоѓаат најжестоките навивачи на Црвена звезда од каде беа фрлени најголемиот дел од предметите.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: