Претседателот на Јувентус, Андреа Аљели заедно со Павел Недвед и сите останати од бордот на директорот, вечерва си поднесоа оставки и нема да бидат веќе дел од клубот.
Во ек на Светското првенство се случува вистински земјотрес во Јувентус, оставки поднесоа Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед, генералниот извршен директор Маурицио Аривабене и сите останатите директори од бордот.
Ваквиот изненадувачки потег за јавноста е резултат на истрагата „Призма“ и процесот кој обвинителството од Торино го покрена против Јувентус.