недела, 15 ноември 2026
Најново

Приштина: Сопруг уби бремена жена што требало да се породи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во дворот на Клиничкиот универзитетски центар, пред Гинеколошката клиника во Приштина, синоќа е убиена жена во деветтиот месец од бременоста.

Се сомнева дека ја убил нејзиниот сопруг.

Според портпаролката на полицијата за регионот на Приштина, Флоре Ахмети, жртвата била на 35-годишна возраст и 41 недела од бременоста.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според очевидци, жената накратко се упатила до продавница, кога мажот ѝ пришол и ја застрелал. Иако веднаш паднала на земја, мажот продолжил да пука во нејзиното тело.

– Околу 18:00 часот добивме информација за мртво тело во дворот на Универзитетскиот клинички центар во Приштина. Полицијата веднаш излегла на местото на настанот, како и медицинската екипа која констатирала смрт на жртвата, жена на возраст од околу 35 години. Според првите информации, покренатите сомнежи сугерираат дека се работи за убиство – рече Ахмети.

Како што додаде таа, полицијата во координација со државниот обвинител започнала истрага и продолжува со преземање на сите истражни дејствија, со цел целосно расветлување на настанот.

Поврзани вести