Рачна граната била активирана во близина на оградата на куќата на Предраг Спасојевиќ, началникот на истражниот затвор во Подгорица, во Подање, Даниловград, јавија утрово подгоричките медиуми повикувајќи се на полициски извори.
Во синоќешната експлозија нема повредени, а не е оштетен и имотот на шефот на Истражниот затвор, јавуваат медиумите.

Полицијата спроведе истрага, но не се огласи за овој настан.
Спасојевиќ, долгогодишен вработен во Управата за извршување на кривични санкции (УИКС), неодамна е назначен за шеф на Истражниот затвор.
Од неговото назначување, во тој затвор биле извршени неколку претреси во просториите, при што од притворениците биле одземени мобилни телефони, полначи за телефони и импровизирани ками, пишува „Вијести“.
Раководството на УИКС претходно соопшти дека службените лица на таа институција деновиве биле изложени на закани поради претрес и одземање на нелегални предмети од приведени.
Нападот на имотот на Спасојевиќ го осуди Министерството за правда на Црна Гора, кое очекува властите да го расветлат овој напад.
Пронајдете не на следниве мрежи:


