Борбениот авион МиГ-31 се урнал во Приморскиот крај во Далечниот источен федерален округ, а екипажот се катапултирал, соопшти денеска регионалната служба за итни случаи.

Ловецот МиГ-31 се урна веднаш по полетувањето. Падот се случил во шумски појас кај селото Алексејевка. Екипажот се катапултирал, соопшти службата.
Како што наведуваат, според првичните податоци, во авионската несреќа нема жртви и не е причинета материјална штета.
Оттаму додаваат дека во моментов се испитува здравствената состојба на пилотот.
Пронајдете не на следниве мрежи:


