ДОБИВ ПАСОШ И ДАДОВ ЗАКЛЕТВА: Сноуден официјално стана руски државјанин!

Поранешниот вработен во американската Агенција за национална безбедност, Едвард Сноуден положи заклетва и доби руски пасош.

Ова во петокот го соопшти неговиот адвокат Анатолиј Кучерена.

ДОБИВ ПАСОШ И ДАДОВ ЗАКЛЕТВА: Сноуден официјално стана руски државјанин!

„Да, тој доби пасош. Даде заклетва“, рече тој на прашањето дали Сноуден добил пасош на руски државјанин. Адвокатот исто така рече дека го видел Сноуден претходниот ден и забележал дека добро му оди.

На крајот на септември беше објавен указот на претседателот на Руската Федерација, според кој на поранешниот вработен во американската Агенција за национална безбедност, Едвард Сноуден, му е доделено руско државјанство.

Сноуден и американската спортистка и блогерка Линдзи Милс се венчаа во Москва во 2017 година.

Кучерена рече дека сопругата на Сноуден моментално аплицира за руско државјанство.

Пронајдете не на следниве мрежи: