Претставен „невидливиот“ нуклеарен бомбардер Б-21, САД планираат да купат 100 авиони

Американската компанија „Нортроп Груман“ го претстави својот нов авион Б-21 „Рајдер“, прв во новата флота на стелт нуклеарни бомбардери со долг дострел за воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави.

Претставен „невидливиот“ нуклеарен бомбардер Б-21, САД планираат да купат 100 авиони

Б-21 беше претставен на церемонија во фабриката на Нортроп во Палмдејл, Калифорнија, каде јавноста за прв пат го виде новиот бомбардер.

Б-21, кој има облик на крило како неговиот претходник, Б-2, ќе може да испорачува и конвенционално и нуклеарно оружје низ целиот свет, користејќи можности за полнење гориво од долг дострел и во среден воздух, пишува Ројтерс.

Во 2010 година, се предвидуваше дека авионот ќе чини околу 550 милиони долари, или околу 750 милиони долари денес, кога ќе се прилагоди на инфлацијата. Воздухопловните сили на САД планираа да купат најмалку 100 авиони и да започнат со замена на бомбардерите Б-1 и Б-2.

Нортроп го нарекува Б-21 авион од шестата генерација, со оглед на неговата способност да се спојува со други авиони и лесно да го интегрира идното оружје во својот систем.

Б-21, исто така, има поиздржлив материјал со површина со слаба видливост, што овозможува скришум и ќе бара помалку одржување и ќе ги сведе оперативните трошоци и времето на застој на минимум, изјави за Ројтерс Даг Јанг, секторски потпретседател и генерален директор на Нортроп Груман.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.