Полицијата во Кочани вчера попладне приведе 18-годишник поради основи на сомнение дека од кругот на болницата во Кочани одзел возило на Итна медицинска помош.
„По преземени мерки и активности, на 03.12.2022 во 15.40 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Д.Н.(18) од Кочани, поради основи на сомнение дека од кругот на болницата во Кочани одзел возило на Итната медицинска помош Кочани“,
соопшти МВР.

Вработени во полицијата пријавиле дека едно од возилата на Итна помош не е во кругот на болницата, по неколку часа полицијата го пронашла возилото и било вратено на болницата.
Приведениот признал дека претходно украл компјутер и автомобил „опел корса“, тие биле пронајдени кај него и вратени на сопствениците.
Пронајдете не на следниве мрежи:


