четврток, 12 ноември 2026
Најново

СВЕТОТ СО ГОДИНИ СЕ СМЕЕШЕ НА РОНАЛДО ПОРАДИ ОВА, СЕГА ПОВТОРНО ГО НАПРАВИ! И уште еднаш БРУЈИ ПЛАНЕТАТА поради Кристијано (ФОТО

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Репрезентацијата на Србија по своја вина ја пропушти можноста да игра против Португалија во нокаут фазата на Светското првенство.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Со поразот од Швајцарија, „орлите“ останаа на последното место во групата Г со само еден освоен бод, а доколку го освоеа тој натпревар, ќе си обезбедија натпревар против Португалија, репрезентацијата која Србија ја победи среде Лисабон за пласман на Светското првенство.

Така се загуби можноста да се игра против Кристијано Роналдо , кој многумина фудбалски фанови го исмеваат поради фотографијата направена пред натпреварот со Јужна Кореја на Светското првенство.

За време на тимската фотографија, Роналдо застана на прсти за да биде повисок од соиграчите. Истото го направи и неговиот соиграч Диого Дало, но вниманието на јавноста е насочено кон Кристијан.

Португалија, Кристијано Роналдо
ФОТО: PROFIMEDIA

Кристијано тоа често го правеше во текот на кариерата и секогаш беше предмет на потсмев од обожавателите ширум светот.

Тој е висок 185 сантиметри, што е натпросечно, но изгледа дека тоа не му е доволно.

Португалија заврши на првото место во групата со Јужна Кореја, Гана и Уругвај, а во осминафиналето во вторник од 20 часот ќе игра против Швајцарија.