четврток, 12 ноември 2026
Најново

Вонредни рестрикции на струја во Украина поради последните руски напади врз електроенергетскиот систем

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

– Украинскиот енергетски оператор „Укренерго“ денеска соопшти дека низ земјата ќе бидат воведени вонредни исклучувања од системот за снабдување со електрична енергија, последица на најновите руски напади врз електричната инфраструктура.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Како последица на ракетирањата, за да се одржи баланс меѓу производството и потрошувачката на струја, се воведува вонреден режим на исклучувања од системот во сите региони на Украина. Приоритет во снабдувањето со струја ќе бидат критичните инфраструктурни објекти“, се посочува во соопштението од „Укренерго“ објавено преку Телеграм.