четврток, 12 ноември 2026
Најново

На Самуиловата тврдина откриена архитектура од поголем комплекс градби од доцниот османлиски период

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

 Архитектура која е дел од поголем комплекс на градби од доцниот османлиски период, фрагменти од керамички садови, делови од глеѓосани зргафито чинии, луксузни лулиња, монети и други предмети биле откриени при археолошките истражувања на локалитетот Самуиловата тврдина во Охрид.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Директорката на Завод и музеј Охрид, Катерина Велкоска информира дека од последните истражувања на Самуиловата тврдина добиле сознанија за хронолошката комплексност на локалитетот, а показателите од движен и недвижен карактер укажале на развојот на културните хоризонти и неговите етапи.

– Истражени беа околу 150 метри квадратни, при што беше откриена архитектура која е дел од поголем комплекс на градби, кои припаѓале на доцниот османлиски период, како и фрагменти од керамички садови, делови од глеѓосани зргафито чинии, луксузни лулиња, монети и други предмети, кои го бележат секојдневниот живот на населението кое живеело на овие простори во периодот од доцната антика, па се до доцниот османлискиот период, изјави Велкоска.

Според неа, прв пат било извршено и фотограметриско снимање на северната и јужната половина од Цитаделата.

Покрај археолошките истражувања, вработени од Завод и музеј работеле и на хортикултурното уредување на локалитетот Самуилова тврдина, а со помош на планинарска служба ги исчистиле и отворите во кулите од пластика и друг отпад наталожен од несовесни посетители.

Финансиските средства за реализација археолошките истражувања на Самуиловата тврдина биле обезбедени со програмата за финансирање од буџетот на Република Северна Македонија, а проектот се реализирал под раководство на археологот Анатоли Арнаудовски.