четврток, 12 ноември 2026
Најново

„ЗОШТО БРЗАШ АЉБИНЕ“ Харадинај се обрати на косовскиот премиер

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на АБК, Рамуш Харадинај му порача на косовскиот премиер Аљбин Курти да престане со избрзаните одлуки и обидите за „окупација на северот“ и да закаже избори за градоначалници.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Харадинај во објава на Фејсбук го праша Курти зошто се брза да носи нови одлуки.

Зошто брзаш Аљбине Курти со сите планови, работи и дејствија што ги правиш, дали пробуваш фиктивни избори на север, дали итно поставуваш министри, дали си на спротивната маса… И секогаш се повлекуваш како вчера, а денес Косово го правиш губитник? Дали сепак сакате да му се заканите на северот? Или си неук и немаш кој да те научи? Престанете, затоа што оваа земја и овој народ ќе ја земете за врат – рече Харадинај.