Репрезентативецот на Англија, Кај Вокер, говорејќи околу претстојниот четвртфинален дуел на Светското првенство против Франција, рече дека Килијан Мбапе веројатно е еден од најдобрите фудбалери во светот, но истакна оти неговиот тим не смее да ги потцени другите француски репрезентативци.
„Знам што треба да направам – да го спречам. Но, не игра Англија против Мбапе. Англија игра против Франција“, рече Вокер на прес-конференција во Доха.
„Во ред, тој е оружје кое го имаат во својот арсенал, но има и други добри играчи кои не смее да ги потцениме, играчи кои освојувале големи титули“, додаде Вокер.
Дуелот од четвртфиналето меѓу Англија и Франција е на програмата в сабота од 20 часот.