Шолц: Германија ќе развие антиракетен одбранбен штит

Шолц повтори дека неговата цел е да ги зголеми германските трошоци за одбрана на два отсто од БДП, што е поставено како план за земјите-членки на НАТО
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека се надева оти Германија ќе развие антиракетен одбранбен штит во следните пет години, објавија денеска германските медиуми.

Тој истакна дека владата во моментов разговара со производители на различни системи за да се подготви за донесување конкретни одлуки.

Шолц повтори дека неговата цел е да ги зголеми германските трошоци за одбрана на два отсто од БДП, што е поставено како план за земјите-членки на НАТО, вклучително и проширување на воздушната одбрана за таканаречениот „небесен штит“ со другите земји-членки на ЕУ.

Пронајдете не на следниве мрежи: