Поетот Сотир Ристо од Мала Преспа застапен во книгата антологија на македонскиот расказ

– Издавачката куќа „Темплум” ја издаде книгата антологија на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“, чии уредници се Никола Гелевски и Владимир Мартиновски. Во книгата се застапени 73 автори со вкупно 219 раскази, меѓу нив е и поетот Сотир Ристо со потекло од Мала Преспа кој е застапен со три кратки раскази.

– Сотир Ристо е познат поет и прозаист од македонско потекло од Република Албанија кој пишува на македонски и албански. Роден е на 16 март 1974 година во селото Леска, Мала Преспа. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, на Катедрата за општа и компаративна книжевност, пренесува весникот Македониум.

Својот прв роман „Ноќ на шепотот”  го објавил во Албанија (на албански јазик) за престижната издавачка куќа „Теона“.

-Романот ги прикажува животните прилики на Македонците во Албанија за време на режимот на Енвер Хоџа. На македонски јазик ја објавил прозната книга „Продолжено образование” како и други прозни дела. Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, Џинџуџе во земјата на афионите”, наведува весникот Македониум.


Пронајдете не на следниве мрежи: