Околу 12 часот и 30 минути германската полиција успеала да реши заложничка криза во трговски центар во Дрезден, каде вооружен напаѓач држел жена и дете како заложници.
Како што пренесува германски „Билд“, вооружен Германец (40) во саботата утрото прво ја убил својата мајка (70) во стан во квартот Прохлис.
После тоа, тој се обидел да упадне во радио станицата пукајќи кон вратата од влезот, но не успеал да влезе во зградата.
Кога вработените повикале полиција, мажот побегнал со автомобил кон центарот на градот и застанал во трговски центар на околу километар од радио станицата. Маж се забарикадирал во продавница, каде како заложници зел две лица, жена и дете.
Околу 12 часот и 30 минути специјалните полициски сили успеале да упаднат во кафеаната и да го совладаат напаѓачот.
Билд наведува дека напаѓачот е ранет, а заложниците не се повредени.
Засега не е познат мотивот за убиството, а полицијата ја продолжува истрагата.
Таа претходно денеска го блокираше просторот околу трговскиот центар и ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.