ЕВРОПА ПАЃА – Објавена е нова листа на најскапи градови во светот: Првото место оди во Њујорк и Сингапур, трето во Израел

Истражувањето оваа година беше спроведено од 16 август до 16 септември во 172 поголеми градови во светот

Њујорк и Сингапур се рангирани како најскапи градови во светот, според годишното истражување на глобалните трошоци за живот на Economist Intelligence Unit (EIU).

Њујорк првпат е на врвот на листата, додека Сингапур е на првото место по осми пат во последните 10 години.

Израелскиот Тел Авив, кој во 2021 година беше прогласен за најскап град во светот, годинава е на третото место.

Покрај Њујорк, во листата на десет најскапи градови напредуваа и Лос Анџелес и Сан Франциско.

Сите 22 американски градови опфатени со истражувањето се зголемија на рангирањето поради брзиот раст на цените и силниот долар.

Шест од нив – Атланта, Шарлот, Индијанаполис, Сан Диего, Портланд и Бостон – беа меѓу 10-те градови кои покажаа најголем скок на ранг-листата.

Во рангирањето најмногу напреднаа руските градови Москва и Санкт Петербург, кои скокнаа за 88, односно 70 места.

Повеќето европски градови паднаа во рангирањето.

Сирискиот главен град Дамаск и либискиот Триполи остануваат најевтините градови.

Истражувањето оваа година беше спроведено од 16 август до 16 септември во 172 поголеми градови во светот.

„Војната во Украина, западните санкции против Русија и политиката на Кина за нулта Ковид предизвикаа проблеми со синџирот на снабдување кои, во комбинација со зголемените каматни стапки и флуктуациите на девизниот курс, резултираа со криза на трошоците за живот низ целиот свет“, рече Упасана Дут, директорка на EIU кој се занимава со трошоците за живот.


Пронајдете не на следниве мрежи: