недела, 15 ноември 2026
Најново

Борел жестоко кон Србите: Нема да толерираме напади врз ЕУЛЕКС, веднаш да се отстранат барикадите!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека ЕУ „нема да толерира напади“ врз ЕУЛЕКС.

Борел жестоко кон Србите: Нема да толерираме напади врз ЕУЛЕКС, веднаш да се отстранат барикадите!

Северот на Косово и Метохија се уште е блокиран од граѓаните и полицијата. На премините Јариње и Брњак не може да се помине ниту пеш, ниту со автомобил.

„ЕУ нема да толерира напади врз ЕУЛЕКС или употреба на насилни, криминални дејствија на север. Групите на косовските Срби мора веднаш да ги отстранат барикадите. Мора да се врати мирот. ЕУЛЕКС ќе продолжи да се координира со косовските власти и КФОР“, напиша Борел на Твитер.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој додаде дека „сите актери мора да избегнуваат ескалација“.

Поврзани вести