четврток, 12 ноември 2026
Најново

Употребата на странски зборови ќе биде забранета со закон во Русија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Предлог-федералниот закон ќе воведе забрана за јавна употреба на странски зборови, со исклучок на оние за кои нема синоними во рускиот јазик.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Државната дума во прво читање го усвои владиниот предлог-закон за заштита на рускиот јазик од употреба на странски зборови.

„Предлог-федералниот закон ќе воведе забрана за јавна употреба на странски зборови, со исклучок на оние кои немаат синоними во рускиот јазик и не можат да се најдат во речниците“, се наведува во образложението.

Целта на овој нацрт е да се поттикнат механизми за заштита на официјалниот јазик на територијата на Руската Федерација. Законот предвидува анализа и надзор на државните институции, организации и граѓани со цел да се утврди дека тие ги почитуваат правилата на современиот руски литературен јазик.

Ова не е единствената законска иницијатива за заштита на рускиот јазик. На почетокот на декември, до Државната дума беше поднесен уште еден предлог-закон – забрана за употреба на букви кои не се кирилични во рекламите.

Според авторот на документот, ова ќе помогне да се заштити кирилицата и да се исчисти рускиот јазик од прекумерни странски влијанија.