Никогаш не беше планирана ваква војна – Украина останува без воена помош

Во критичен момент Киев би можел да остане без воена помош од НАТО, напиша колумнистката Кетрин Фунг во напис за „Њусвик“ (Newsweek).

Според нејзиното мислење, повикот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, да се зголеми снабдувањето на вооружените сили на Украина со оружје и муниција може да остане неодговорен.

Украина го моли Западот да му обезбеди дополнително оружје за, според неа, следна фаза од непријателствата, но барањето доаѓа додека членовите на Организацијата на Северноатлантскиот договор се борат да го надополнат сопствениот арсенал.

Фунг додаде дека помошта за Киев сериозно ги исцрпила резервите на земјите-членки на НАТО, меѓу кои постои зголемена загриженост за проблемот со нивното враќање на претходните нивоа.

Претходно, Си-Ен-Ен, повикувајќи се на тројца американски претставници, објави дека на САД им снемува резерви на некои високотехнолошки системи за оружје и муниција за Украина.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, истакна дека Европската унија ги загубила најголемиот дел од залихите на оружје и опрема поради поддршката за Киев.

Украина бара од Западот повеќе оружје за тоа што го гледа како „решавачка“ следна фаза од војната против Русија. Сепак, барањето доаѓа додека членките на Северноатлантскиот договор (НАТО) се борат да го надополнат сопствениот арсенал. Во своето последно обраќање пред Европскиот совет, во четвртокот,  украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од членките на Европската унија „помодерно оружје и поголем обем на залихи“. Тој кажа дека поддршката за одбраната ќе биде клучна во следните шест месеци – критичен период за кој очекува дека ќе бара поголем напор од изминатите девет и пол месеци.

„Следните шест месеци ќе бидат одлучувачки на многу начини во конфронтацијата што Русија ја почна со оваа агресија“, рече Зеленски.

„Агресија против Украина и против секој од вас, бидејќи крајната цел на Русија е многу подалеку од нашата граница и украинскиот суверенитет“.

Земјите на НАТО, вклучително и САД, досега на Украина и испорачаа оружје во вредност од околу 40 милијарди долари, се наведува во ноемврискиот извештај на „Њујорк Тајмс“. Само САД обезбедија оружје во вредност од повеќе од 15 милијарди долари, вклучувајќи го системот со долг дострел „Химарс“ (HIMARS)  и противтенковски ракети „Џевелин“ (Javelin). Полска испорачува речиси четвртина од украинските резерви од странство.

„НАТО навистина не планира да води вакви војни, а под тоа мислам на војни со супер интензивна употреба на артилериски системи и многу гранати од тенкови и топови“, изјави Фредерик Каган, виш соработник на Институтот Американ Ентерпрајз, за Форин полиси минатиот месец. „Никогаш не бевме опремени за ваков вид војна да почеток“.

Камил Гранд, експерт за одбрана во Европскиот совет за надворешни односи, изјави за „Тајмс“ дека количеството на артилериски гранати испукани во еден ден во Украина е споредлива со она што е забележано во текот на еден месец или повеќе во Авганистан.

Недостигот на снабдување стана се поголема грижа за Западот, но исто така создаде предизвик за украинските сили кои снемаат резерви на бојното поле.


Пронајдете не на следниве мрежи: