Русите се предаваат?

Украинската линија „Сакам да живеам“ им овозможува на Русите да се предадат себеси или нивните единици на украинската армија.

Линијата „Сакам да живеам“ примила повеќе од 1,2 милиони повици, изјави Андрија Јусов, претставник на Дирекцијата за разузнавачки работи на украинското Министерство за одбрана.

„На телефонската линија секојдневно се јавуваат повеќе од 100 луѓе, а најголем дел од повиците се од Русија“, додаде тој.

Проектот беше покренат на 19 септември, пред рускиот претседател Владимир Путин да ја објави мобилизацијата во Русија на 21 септември.


Пронајдете не на следниве мрежи: