Утре дочек и фешта во БУЕНОС АИРЕС

Аргентина утревечер во 19 часот треба да допатува од Катар во Буенос Аирес, открија вечерва аргентинските медиуми, зашто Буенос Аирес и сите полициски служби веќе ја почнале подготовката за спектакуларниот дочек и фештата низ градот за пролава на светската титула.

Слетувањето на авионот со новите светски прваци е закажано на аеродромот „Езеиза“ за 19 часот по локално време (23 часот по средноевропско), по што во посебен автобус ќе следи фештата по улиците на кои се очекуваат милиони Аргентинци за да ги поздрават националните херои.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.