Здравко Чолиќ: Измислуваа разни приказни за мене и знаев како да се носам со тоа! Денот кога се оженив е најубавиот ден во мојот живот

Здравко Чолиќ, поп иконата на Југославија, честопати беше принуден да се брани поради измислени скандали и афери во текот на неговата кариера. Така популарниот Чола, кој мамеше воздишки и насмевки кај жените, во една прилика, признал за што е обвинет.

– На секоја јавна работа човек мора да издржи некој притисок, да се соочи со приказни, озборувања, гласини. Прашање е само што ќе ти се случи и што cè ќе ти ,,лепат” и измислат луѓето. Бидејќи не можеа да прошират реална приказна, измислија дека сум хомосексуалец! Луѓето сакаат скандали, приказни на кои би додале украсни детали. Сè започна со некоја приказна за силување, додека сè уште бев на турнеја во Советскиот Сојуз. Подоцна се рашири, имаше верзија дека се лекувам во болница, а во секој град тврдеа дека тоа се случило токму таму! Не ме нервира затоа што не сум тип што се лути или обрнува внимание на глупави работи: се чувствувам виновен поради мајка ми, поради моите пријатели кои се грижат повеќе од мене – изјави Чолиќ, а додал дека првата девојка и сериозна врска ја имал како возрасно момче.

Да потсетиме, Здравко Чолиќ повеќе од дваесет години е во среќен брак со Александра, со која има две ќерки Уна и Лара.

– Ние двајцата се венчавме сосема спонтано на први мај. Сите мислеа дека е скриена камера бидејќи излеговме како за на состанок. Бевме во врска долго време, па тоа беше кое предизвика неверување кај лушето. За да трае врската или бракот, мора да има почит и пријателство – се присетува легендарниот пејач и додаде дека венчавката била еден од најубавите денови во неговиот живот.


Пронајдете не на следниве мрежи: