Тоа што Меси и Мбапе го направија во Катар на СП му успеа само на – Марадона (ФОТО)

Лионел Меси си го оствари сонот и со Аргентина го освои трофејот на Светското првенство (СП) во Катар, иако одлична вечер имаше и Килијан Мбапе кој постигна три гола за Франција.

Меси постигна седум гола и асистираше за три за Аргентина, односно беше вклучен во вкупно 10 погодоци за „гаучосите“, додека такво нешто му успеа и на Мбапе кој постигна осум гола и две асистенции.

Интересно е тоа што такво нешто му успеа само на легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона во 1986 година кога постигна пет гола и асистираше за уште пет погодоци.

Пронајдете не на следниве мрежи: