четврток, 12 ноември 2026
Најново

Се огласи Заев: Што е следно? Мијалков да биде директор на АНБ, а Груевски да се врати на бел коњ?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

„Стотици илјади граѓани со години се боревме да ги срушиме алчните арамии од режимот и успеавме. Сега, некој се исмева со таа борба и се обидува да ја ништи освоената правда.

Со двете поништени пресуди, директно се упатува на враќање, а со тоа и повторување на грозоморните дејствија на режимската врхушка и секако се мотивираат и други чинители да прават исти вакви грозоморни дејствија со кои се газат масовно човекови права и сите вредности за кои се бореше целиот македонски народ пред само неколку години преку Шарената револуција.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ тоа нема да го испере овој срам и блам“, пишува Заев.

Тој во својата објава ги повикува сите надлежни од и околу правосудството, сите со грам одговорност за иднината на нашата земја и нашиот народ, да не дозволат да застарат делата на Мијалков и да направат сѐ виновниците да одговараат бидејќи, како што пишува Заев, за нивните злодела има докази чисти како ден.