четврток, 12 ноември 2026
Најново

Васко Ковачевски: Во јануари ќе има можност сите три блока на РЕК Битола да работаат во исто време

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

– Во јануари ќе има можност сите три блока на РЕК Битола да работаат во исто време и да испорачуваат електрична енергија, изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На прес-конференција во РЕК Битола, Ковачевски потврди дека попладнево од Истанбул со брод до Солун ќе стигне трансформаторот потребен за работа во грејната сезона што е во тек.

-Трансформаторот за РЕК Битола, Блок-3 имаше одредени проблеми во транспортот, но денес во попладневните часови трансформаторот со брод од Истанбул попладнево ќе биде истоварен во Солун каде ш то има екипи од РЕК Битола за преземање на трнсформаторот, а потоа утре транспортот ќе тргне кон Битола, односно за два до три денови да стигне на граничниот премин Меџитлија. Подготвени сме да го прифатиме трансформаторот, да се инсталира на својата позиција и да почне приклучок во мрежа кое вообичаено се одвива 14 денови. Тоа значи дека ние кон крајот на месецов или почетокот на јануари, до 10 јануари треба Блок-3 да го имаме во функција во актуелната грејна сезона. Во јануари ќе има можност сите три блока на РЕК Битола да работаат во исто време и да испорачуваат електрична енергија, изјави Ковачевски.

Од АД ЕСМ информираа дека во моментов на депонија има над 280.000 тони јаглен, и тоа ќе овозможи сигурно работење на три блока. Дополнително со јаглен се снабдува РЕК Осломеј и е во функција, ТЕЦ Неготино работи со два котли и максимална снага за што испорачува 160 мегавати на мрежа, функционална е и гасната електрана во Скопје, како и сите 24 турбини на хидроелектраните во земјава се во функција бидејќи има добар хидропотенцијал.