Бред Пит го прослави 59 роденден: Не се одвојуваше од новата девојка Инес

Се чини дека љубовната врска помеѓу Бред Пит и дизајнерката на накит Инес де Рамон цвета.

Имено, папараците ги фотографирале додека оделе да го прослават неговиот 59-ти роденден во ресторан во Холивуд.

Првите информации за тоа дека се заедно се појавија минатиот месец, кога беа видени како се држат за рака на концерт во Лос Анџелес.

Бред Пит го прослави 59 роденден: Не се одвојуваше од новата девојка Инес

Минатата недела извор за „Us Weekly“ изјави дека Инес го шармирала славниот актер, но сè уште не ја официјализирале врската.

„Тој не очекуваше дека ќе најде некој извонреден како Инес. Тие станаа многу блиски“, додал тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.