Спорот со Бугарија, Груевски 11 години го имал предлогот на маса, две точки не му се допаднале и не го потпишал. Заев дојде за три месеци го потпиша и сега имаме поголем проблем со Бугарија од што некогаш сме имале. За човекови права не се разговара, не се преговара.
Сите проблеми со Албанците всушност се создадени од СДСМ, вели во денешната епизода на Тешки муабети Милош Милошевски.
Во одговор на тезата на Ивановски дека ВМРО создава проблеми со Албанците, Александар Митовски одговара:
– Во филозофија на право има еден основен постулат за тоа што се стекнати права, а кои се добиваат со раѓање. Парвото на самоопределба е право од раѓање и никој не смее да те уценува и да преговаар за тоа.
Од бомбите од шарената револуција колку правосилни пресуди има, колку пари се вратени, нели 5 милијарди евра се изнесени од државата, автопатпт со провизии сега чини 800.000 евра, а тогаш чинел 300.000 евра. Обвинението за Груевски не е за провизии туку дека сакал побрзо да се заврши автопатот за да стекне политички поени. Кој го шттети буџетот знаеш? Катица Јанева која потроши илјадници евра во СЈО, нагласи Митовски.