Мајка ми има 60 години, а се чувствува како 30: Таа секое утро го јаде ова и има здрав стомак и здрави коски и зглобови

Мајка ми има 60 години, а се чувствува двојно помладо. Тајната за нејзиниот младолик изглед, но и здравје е во следните три рецепти кои секој може да си ги подготви дома.  Таа во текот на годината си ги распоредува овие природни препарати според сезоната и на сите им посветува по минимум 1 седмица до 1 месец користење. Не ги конcумирајте сите три природни лекови одеднаш, пишува НМД.мк. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): грст суви дудинки, 2 лажици суво грозје, 2 лажици овесни снегулки, 2 лажици маслиново масло. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 120-150 г суво грозје, неколку суви сливи, 30 г сува сена (чај од сушена сена), 150 мл сируп од шипинки (може да го најдете во аптека).




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ТРЕТ РЕЦЕПТ): 100 г суво грозје, неколку суви сливи, неколку суви кајсии, 5 урми и вода. ПОСТАПКА (ПРВ РЕЦЕПТ): Дудинките исчистете ги од дршките (доколку има).




Сувото грозје прелијте го со млака вода, на собна температура и оставете да набубри и да се хидрира околу 10-тина минути. Потоа, процедете го од водата и соединете го со дудинките.




Изблендирајте ги состојките во блендер, додека да добиете фина, хомогена смеса. Во блендерот додајте ги овесните снегулки, па повторно соединете сосе нив. Кашестата смеса префрлете ја во помала тегличка и одозгора прелијте со 2 лажици маслиново масло, па добро измешајте.




Консумирајте во период од 1-2 месеци, по двапати на ден, по 1 мала лажичка, наутро и навечер од смесата. За два месеци ќе забележите значително подобрување на состојбата, за проблеми со желудникот, но и за проблеми со коски и зглобови.




ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): Сувото грозје прелијте го со вода, да отстои 10-тина минути, додека да набубри. Потоа, процедете го од водата и ставете го во едно тенџере. Во тенџерето ставете ги и сувите сливи. Одозгора прелијте со вода, повеќе од половина на тенџерето.




Ставете го тенџерето на рингла, вклучена на средна температура и варете околу 10-тина минути. Потоа, додајте го чајот од сува сена и варете уште 5-10 минути. Напитокот процедете го во чиста чаша или стаклено шише, па во него додајте го сирупот од шипинки.




Соединете ги состојките до изедначување. Пијте по мала ракиена чаша (50 мл) наутро на празен стомак 20 минути пред појадокот и навечер пред спиење најмалку еден час по вечерата.




ПОСТАПКА (ТРЕТ РЕЦЕПТ): Сувото грозје и кајсии ставете ги да се хидрираат околу 10-тина минути во обична вода. Потоа процедете ги, па соберете ги сите суви овошја во една поголема тегла. Одозгора прелијте со 1 чаша зовриена вода, па добро затворете и оставете да го испуштат своите нутритивни својства во водата, преку ноќ.

Теглата треба да биде оставена на собна температура, а наутро се процедува и се пие по 1 чаша од напитокот, со тоа што ќе каснете по 1 намирница од сувото овошје, а во текот на денот дозволете си уште две-три овошја, а другите распоредете ги за наредните денови.

Наредниот ден повторно направете си нова количина во истите состојки. Напитокот треба да се пие на празен стомак, по 1 чаша. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Пронајдете не на следниве мрежи: