Повторно дојави за бомби во 13 училишта во Скопје

Нови дојави за поставени експлозивни направи се примени денеска на електронските адреси во 13 училишта во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во тек се антитерористичките проверки.

„Дo сега во СВР Скопје e пријавено дека на електронските адреси на 13 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, наведуваат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.