Кривична пријава за кoчанчанка, ширела расистички и ксенофобичен материјал преку фејсбук

ОВР Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани, ќе поднесе кривична пријава против С.А.(41) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по член 394 – г од Кривичниот законик.

Според пријавеното, во текот на 2022 година, на социјалната мрежа Фејсбук, таа објавувала содржини со кои повикувала на омраза. Со лицето бил извршен службен разговор во полициска станица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.