Сите зборуваат за фустанот на Северина во кој го честиташе Божиќ – цената е вртоглава

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ на својот инстаграм-профил упати божиќна честитка до следбениците со посебна фотографија на која позира покрај накитена елка. Инаку, денеска католиците го слават Божиќ.

„По повод најубавиот празник, Божиќ, ви посакувам многу здравје, внатрешен мир и безвременска љубов“, напиша Северина.
На фотографијата Северина позира во елегантен бел фустан, со голи раменици, а празничниот стајлинг го искомбинирала со златни чевли и обетки, со елегантна фризура.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.