Русија ја произведе првата домашна гасна турбина со висока моќност

Рускиот производител на енергетска опрема Пауер Машинс (Power Machines) ја заврши монтажата и тестирањето на првата домашна гасна турбина со висока моќност, во обид да ја замени увезената енергетска опрема недостапна поради санкциите.

Компанијата денеска соопшти дека планира да произведува осум турбини од 170 мегавати годишно до 2025 година, за да го зголеми годишниот капацитет на 12 турбини во иднина и да обезбеди одржување на гасните турбини, вклучително и увозните.

Први купувачи на домашната гасна турбина ќе бидат руската нафтена компанија Татнефт, државниот енергетски холдинг ИнтерРАО и електроенергетската компанија Рушидо, се наведува во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.