Високиот комесаријат за човекови права при Обединетите нации (ОХЦХР) објави дека досега во Украина загинале 6.884 цивили, меѓу кои 429 деца.
Податоците се однесуваат на потврдениот број на смртни случаи помеѓу 24 февруари 2022 година и 26 декември 2022 година.
Сепак, ОН наведуваат дека реалната бројка веројатно ќе биде многу поголема, бидејќи информациите од областите каде што се водат битките не стигнуваат навреме или се нецелосни, а за некои се уште се чека официјална потврда.
Пронајдете не на следниве мрежи:
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.