Шојгу ги смирува Турција и Сирија: Во Москва се одржа состанок на министрите за одбрана

Министерот за одбрана и шефот на разузнавачката служба на Турција во Москва се сретнаа со своите колеги од Сирија, а на средбата присуствуваше и министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, соопшти турското Министерство за одбрана.

Хулуси Акар и неговиот колега Хакан Фидан се сретнаа со сирискиот министер за одбрана Али Махмуд Абас и шефот на разузнавачката служба Али Мамлук, а присуствуваше и министерот Шојгу, соопшти турското Министерство, пренесе Ројтерс.

„Сириската криза, прашањето за бегалците и заедничката борба против терористичките организации на сириска територија беа теми на конструктивната средба“, додаде турското министерство.

Турската, руската и сириската страна се согласија да продолжат со трилатералните состаноци.

Ројтерс оценува дека денешната средба е јасен знак за нормализирање на односите меѓу Турција и Сирија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.