(ВИДЕО) Ова е девојката (17) од Тетово која се сомничи дека го уби и фрли во река момчето (16)

Со качулка на главата и под строги безбедносни мерки денеска во Основниот суд во Тетово е доведена 17-годишната девојка која е осомничена за убиството на 16-годишното момче во тетовско Бањиче кое беше пронајдено мртво во водите на реката Пена.

Како што објави порталот на албански јазик Тетовасот, девојката денеска треба уште еднаш да даде исказ пред судијата.

Основното јавно обвинителство Тетово пред неколку дена потврди дека 17-годишна девојка е осомничена дека со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.