Познатиот и препопуларниот во СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА српски пејач Аца Лукас го прекинал концертот во Охрид и на публиката и кажал дека не се чувствува добро и не може да пее.
-Ќе направиме пауза, рекол Аца Лукас синоќа од сцената во еден ноќен клуб во Охрид и после тоа не се врати повеќе да пее.
На Лукас му била укажана и медицинска помош и тој примал инфузија.
Но ни инфузијата не го „повратила“ и концертот не продолжил.
Пред два дена повеќе медиуми во Србија јавија дека Аца Лукас ги откажал закажаните концерти од здравствени причини, но тој сепак се појави во Охрид. Веројатно финансискиот аранжман бил „доволно“ мотивирачки и покрај се. Никој не кажува дали публиката била обештетена…
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.