Нова трагедија на македонските патишта: Усмртил пешак, па избегал

На 02.01.2023 во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од с.Катланово кон с.Градманци, скопско, патничко возило удрило во А.А.(54) од с.Катланово, по што го напуштило местото, информира МВР.

А.А. починал, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.