Стара мапа за која се верува дека го означува местото каде германските војници криеле богатство вредно милиони евра во Втората светска војна, оваа недела ја разбуди имагинацијата на аматерски ловци на богатство во Холандија.
Вооружени со детектори за метал и лопати, групи талкаа по полињата околу руралниот Омерен на истокот од земјата, откако Холандскиот национален архив објави мапа во вторникот.
Архивата вели дека се верува дека мапата покажува каде нацистичките војници криеле четири големи кутии полни со дијаманти, рубини, злато, сребро и секаков вид накит, ограбени по експлозијата на банката во август 1944 година.
Картата била купена од германски војник кратко по војната од холандски институт задолжен да го следи германскиот капитал откако земјата била ослободена од нацистичката окупација во 1945 година.
Иако постоењето на богатството никогаш не можеше целосно да се потврди, институтот направи различни неуспешни обиди да го пронајде во 1947 година, изјави за Ројтерс портпаролката на Националниот архив Ен-Марике Самсон.
Но, малите шанси за пронаоѓање на богатството не ги одвратија аматерските копачи на злато.
„Мапата со ред од три дрвја и црвен крст што го означува местото каде што се претпоставува дека е скриено богатството ја поттикнува фантазијата“, рече поранешниот градоначалник на Омерен, Клас Тамес, кој сега раководи со фондација која е сопственик на земјиштето каде што може да се сокрие богатството.
„Ако некој најде нешто, ќе мора да ни пријави, па ќе видиме. Но, не би очекувал дека ќе биде лесно“, додаде тој, пренесува Јутарњи лист.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.