– Уште на првиот состанок со синдикатите јасно им кажав дека јас колективниот договор нема да го раскинам. Не одам против вработените во сопствениот сектор и колективниот договор нема да го раскинам бидејќи тоа е право што го добиле после 15 или 20 години, тврди министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Таа во нејзиното гостување вечерва на телевизија Телма целосно ја отфрли можноста за укинување на колективен договор.
-Долго време се зборува, постојат стравувања, постојат индиции, дали фамозниот член 65 по кој само вработените во културата добија зголемување на платите е всушност трн во буџетските планови на владата? Сите синдикати се повикуваат на него и сега на различни начини, вклучително со, според едни, измените на Законот за култура, според други Законот за систем на плати во јавниот сектор, всушност владата се обидува да го поништи колективниот договор, рече Костадиновска Стојчевска.
Инаку, од Синдикатот на културните работници на Македонија (СКРМ) деновиве излегоа со реакција по повод предлог-законот за плати во јавниот сектор, при што сметаат дека со новиот предлог закон се става крај на синдикатите, колективното договарање и социјалниот дијалог.