четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пентагон: Се сомневаме дека Кина ќе го нападне Тајван

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин сериозно се сомнева дека зголемената воена активност на Кина во регионот на Тајванскиот теснец е знак за неизбежна инвазија врз островот од страна на Пекинг.

„Навистина видовме зголемена активност на кинеската авијација над Тајванскиот теснец. Видовме и зголемена активност на кинеските поморски сили околу Тајван“, рече Остин на заедничката прес-конференција со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и нивните јапонски колеги.

„Но, дали тоа значи дека инвазијата е неизбежна? Искрено, сериозно се сомневам во тоа“, рече шефот на Пентагон.