Таравари се сретна и со Курти: Разговарано за заеднички проекти на двете држави и поддршка за Косово за членство во ЕУ

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во придружба на  пратениците Елми Азири и Артина Ќазими, беа примени од премиерот на Република Косово, Албин Курти.

Тема на разговор секако беа настаните на северот на Косово, кои Алијансата за Албанците ги следи со загриженост и ги осудува дестабилизирачките структури таму.

На средбата, Таравари и Курти разговарале и за заедничките проекти меѓу Косово и Македонија, кои беа иницирани од страна на Приштина, потпишани меѓу двете страни, а кои се сметаат за важни за граѓаните и економијата на нашите две земји, но за жал наидуваат на стагнација од страна на институциите и Владата во Скопје

– Особена чест да се сретнам со премиерот на Република Косово, г. Албин Курти

Денеска во Приштина заедно со пратениците Елми Азири и Артина Ќазими, домаќин ни беше премиерот на Република Косово г. Албин Курти. Најпрво му благодарам на г. Курти што ми честиташе по изборот за претседател на Алијанса за Албанците, и за континуираната соработка меѓу нас. Како претседател на Алијанса за Албанците, ќе бидам посветен на продолжувањето и понатамошното продлабочување на оваа скапоцена соработка.

Разговаравме за дестабилизирачките напори на Србија во северно Косово кои со загриженост ги следевме и најостро ги осудуваме.

Му честитав на премиерот Курти за поднесувањето на апликацијата на Косово за членство во Европската Унија и изразив уверување дека ЕУ ќе биде на ниво на вонредниот предизвик кој го загрозува нашиот мир, Како политички субјект, ќе го поддржиме секој напор на Косово за зајакнување на својот меѓународен субјективитет.

Му честитав и на премиерот Курти за неговите иницијативи за реформи во правосудството, вклучително и ветинг и посакав успех во истите. Нагласив дека соработката со Владата на Косово за учење од досегашното искуство во изготвување на правната рамка за вакви иницијативи би била корисна за нашата држава.

Со премиерот Курти разговаравме и за заеднички проекти меѓу Косово и Македонија, иницирани од Приштина и потпишани меѓу двете страни, кои се ценети како важни за граѓаните и економијата на двете земји, но наидуваат на пречки од институциите и Владата на Скопје, напиша Таравари на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: