Ахмети: Добро е што никогаш не сте ме виделе како плачам, туку само во униформа и додека пеам

Доброто е што никогаш ме немате видено да плачам, туку само да пеам и во униформа, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети, во одговор на прашањето дали се чувствува злоупотребено откако Артан Груби го објави неговото видео на кое тој пее.

Мината сабота Артан Груби објави видео од Ахмети како пуши цигари и пее како одговор на апелот на Изет Меџити и огнената група во ДУИ да не го пали јорганот за една болва.

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити реагираше на објавата на видеото и изјави дека објавата е злоупотреба на ликот на Ахмети за дефокусирање на јавноста од вистинските проблеми.

Пронајдете не на следниве мрежи: