четврток, 12 ноември 2026
Најново

Австралија откажа три крикет натпревари против Авганистан поради талибанските ограничувања за жените

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

– Крикет федерацијата на Австралија соопшти денеска дека ги откажала предвидените три натпревари против Авганистан во знак на протест поради ограничувањата кои талибанските власти ги воведоа за правата на жените.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Оваа одлука следи по неодамнешната најава на талибанците за нови ограничувањата во врска со можностите за образование и вработување на жените, како и нивното право на пристап во јавните паркови и спортските сали“, се наведува во соопштението.

Селекциите на Австралија и Авганистан требаше да одиграат три натпревари на територијата на Обединетите Арапски Емирати во март, а одлуката за нивно откажување е донесена по консултации со австралиската Влада.

„Ние ќе продолжиме да соработуваме со Крикет федерацијата на Авганистан и се надеваме на подобрување на условите за жените и девојчињата во таа земја“, соопшти австралиската страна.