НАПУШТЕН АВИОН ПРЕТВОРЕН ВО ЛУКСУЗНА ВИЛА: 1 детал ќе ве шармира, а еве колку чини една ноќ во овој РАЈ НА ЗЕМЈАТА

Сместувањето кое се нуди на Бали главно се базира на одморалишта и приватни вили кои совршено се вклопуваат со околината и овозможуваат многу луксузно искуство.

Патувањето до далечни дестинации секогаш звучи привлечно и е нешто што сите го имаме на нашата листа.

Не е ни чудо што Бали, познатиот индонезиски остров, стана многу популарна дестинација меѓу зависниците од патувања и оние кои сакаат да ги наполнат батериите на хедонистички начин.

Веќе навикнавме да гледаме прекрасни приватни оази со бесконечни базени на социјалните мрежи, но како ви звучи идејата да го поминете вашиот одмор во луксузно претворен авион на земја ?

Сместувањето кое се нуди на Бали главно се базира на одморалишта и приватни вили кои совршено се вклопуваат со околината и овозможуваат многу луксузно искуство.

Од оваа година, напуштениот Боинг 737 сместен на карпа над плажата Нианг Нианг е достапен како приватна вила во која можете да преноќите.

Имено, претприемачот Феликс Демин купил напуштен авион на индонезиска авиокомпанија и решил да му вдахне нов живот. Оваа сместувачка единица е комплетно реновирана и се состои од две спални соби, две бањи, кујна и бесконечен базен.

Она што во оваа вила маѓепсува секако е терасата, односно крилото на авионот од кое има неопислив поглед.

Минималистички дизајн на ентериер инспириран од природни материјали и јасно видливи делови од авионот го сочинуваат луксузниот дизајн на оваа вила кој едноставно воодушевува.

Исто така, областа околу авионот е уредена за да се создаде отворен простор за релаксација.

Првите гости во „Private Jet Villa bi Hanging Gardens“ се очекуваат во мај годинава, а сместувањето може да се резервира уште сега преку порталот Екпедија, а едно ноќевање е достапно по цена од околу 7.000 евра, пренесува Business Insider.

Луксузните одморалишта , бескрајните плажи, егзотичното опкружување се главните причини зошто Бали е идеален избор доколку сакате целосно да се исклучите и едноставно да уживате.

Сигурни сме дека оваа уникатна вила ќе ги освои дури и оние кои се плашат од авиони.


Пронајдете не на следниве мрежи: