Зголемување на бројот на повици во вакви денови кога е висок процентот на аерозагадувањето се регистрираат и во Итната медицинска помош во Скопје.. Од таму велат дека најмногу се јавуваат граѓаните со хронични болести на респираторниот систем.
„Целото ова загадување влијае на дишните патишта преку иритација, зголемено лачење на слуз и на тој начин зголемено отежнато дишење кашчлица и тоа е изразено. Тие почесто бараат помош и кај нив најчесто интервенираме. “
Во денови кога е загадено, докторите велат дека е подобро граѓаните да не се изложуваат на загаден воздух, но доколку мораат да излегуваат, се советува да носат маски.
„ Тоа што ние можеме да кажеме е граѓаните во овој период да избегнуваат престој на отоврено и колку можат повеќе доколку немааат потреба да не излегуваат надвор и ако можат да носат заштитна маска , и хроничните пациенти доколку не им делува терапијата да ја зголемат дозата кај пациентите со респираторни проблеми. “
Според резултатите од мерењата за квалитет на амбиентален воздух на Министерството за животна средина воздухот во Скопје во текот на минатиот месец се дишеше позагаден воздух во споредба со декември 2021 година, со поголем бој на денови кога се надминати дозволените среднодневни концентрации на ПМ10 и ПМ2,5 честички во воздухот.