Во Иран се сруши авион за обука

Во иранската покраина Елбурз се сруши авион за обука со лесен мотор, при што се повредени 2 лица кои се наоѓале во авионот, пренесува АА.

Според веста на иранската државна телевизија, авионот за обука се срушил во градот Фердис при покраината Елбурз.

Се истакнува дека во несреќата се повредени 2 лица кои се наоѓале во авионот, но дека се во добра здравствена состојба.

Како што се наведува во веста, сè уште не е откриена причината за рушењето на авионот, а продолжува истрагата за откривањето.


Пронајдете не на следниве мрежи: