четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пазарот на кокаин во Англија го контролираат 20 години! Албанските гангстери не можат да ,,освојат” само еден град

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Албанските кланови веќе две децении го контролираат пазарот на кокаин во Велика Британија, а единствен исклучок е Ливерпул, пренесува англиски Мирор.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Експерт кој се занимава со криминални банди, кој не сакаше да биде именуван, за британски ,,Сан” изјави дека албанските гангстери се веројатно најсилни во северен и источен Лондон, а дека се многу силни и во Манчестер.

Од албанските кланови се издвојуваат Хелбенијац од источен Лондон, кои на Инстаграм се фалат со скапи автомобили, оружје и големи суми пари.

„Албанските криминални кланови се собираат во Обединетото Кралство, но не можат да влезат во Ливерпул, кој го држат локални гангстери“, тврди експертот.